петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 11
home Македонија

Заев се меша и во спортот? Има два предлога за претседател на МОК, едниот вмешан во криминални структури

Заев се меша и во спортот? Има два предлога за претседател на МОК, едниот вмешан во криминални структури

Завршува долгогодишната ера на раководење со Македонскиот олимписки комитет од страна на Васил Тупурковски, a овие денови е актуелен нов конкурс за избор на нов претседател на МОК.

Една од најважните спортски институции во Република Македонија има активен оглас за нов претседател кој трае до петок, а веќе во понеделник Собранието на МОК ќе треба да го избере новиот кормилар на МОК кој ќе има тешка задача да и носи на државата шампионски и олимписки успеси. Но, дали и тука во овој избор се вмеша политиката?

Изминатиов период е актуелно мешањето на политиката на Владата во секоја област, вклучително и во спортот. По се изгледа така е и со изборот на новиот претседател на МОК.

Кој има најголеми шанси да седне во фотелјата во олимпискиот комитет?

Според неофицијални информации од доброупатени познавачи на состојбите, Зоран Заев имал свои две желби на кои би паднал изборот за нов претседател.

Се работи за поранешен советник на премиерот и за една претседателка на спортска федерација, која важи за близок партиски човек на СДСМ, но е и воедно во блиски корелации со Владата.

Поранешниот советник кој би имал можност да седне во претседателската фотелја на МОК според познавачите е Даниел Димевски, кој ја имал веќе поддршката од Зоран Заев, но се очекувало краен епилог на целата процедура, за кој останува да се види како ќе заврши.

Кој е Даниел Димевски – поранешен советник на Зоран Заев?

Даниел Димевски е поранешен советник на Зоран Заев во Владата на СДСМ, инаку поранешен кошаркар, но и познат на јавноста по еден скандал за кој случај отвори и Антикорупциската комисија.

Димевски се поврзуваше со скандал на судир на интереси, каде што како советник на премиерот во Владата си додели концесија на СРЦ Кале, каде што беше потпишан договор помеѓу фирмата на Даниел Димевски и Владата (ЈПСОС), каде што постоеше сомнеж за класичен судир на интереси дека ја злоупотребил својата позиција за остварување на лична корист.

Ова беше утврдено и од Антикорупциската комисија, која според неофицијалните информации до Владата имаше испратено барање за утврдување на одговорност и отпочнување на постапка против Даниел Димевски, додека пак исто и барање за разрешување на директорот на ЈПСОС Шпенди Хајредин заради лошо работење и менаџирање со институцијата. Наводно, ваква кривична постапка е отпочната и е во Јавното обвинителство за овој случај.

Сè уште нема никаква разрешница на оваа постапка, а јавноста веќе прашува дали ова е можеби некоја утешна награда за Даниел Димевски, вклучително да не одговара во правните процедури кои произлегуваат од овој сериозен скандал поврзан со злоупотреба на позиција и стекнување на лична корист.

Дали е ова само шпекулација или ќе биде преточено и во правна борба за првото место на МОК, останува да видиме и да следиме.

Коронавирус