понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 6
home Македонија

Задолжувањата станаа секојдневие: Владата наредната недела ќе не заборчи за нови 57 милиони евра

Задолжувањата станаа секојдневие: Владата наредната недела ќе не заборчи за нови 57 милиони евра

Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар.  Министерството за финансии за наредната недела закажа аукција на хартии од вредност со која планира да повлече 3,5 милијарди денари односно околу 57 милиони евра. Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.

И покрај енормните задолжувања, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до јули  годинава се реализирани само 21,33 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во последната деценија. За годинава беа планирани 392 милиони евра за капитални инвестиции.