вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Македонија

За 100 дена влада на Заев, 1.300 починати од корона

За 100 дена влада на Заев, 1.300 починати од корона

За 100 дена од владата на премиерот Зоран Заев Македонија бележи околу 1.300 починати лица од КОВИД-19.

Граѓаните за оваа енормна бројка на починати лица бара одговорност од самата влада и министерот за здравство Венко Филипче.

Поради еномрната бројка на починати Македонија се рангира на врвот на европската и светската листа на починати од КОВИД-19.

На 05.09.2020 Македонија имала само 614 починати лица од самиот почеток на епидемојата. Но за тоа на 05.12.2020 година бројката на починати ескалира, од 614 бројката енормно расте на 1.901 починати лица. И покрај големите бројки на починати и заразени, министерот за здравство Венко Филипче и самата власт не сакаат да се воведат порегистративни мерки.

„Полициски час по 21 часот навечер практично сметаме дека нема ништо да донесе“, рече пред неколку дена министерот за здравство Венко Филипче при изјава за медиуми.

„За жал евидентен е порастот на смртни случаи и на глобално ниво и кај нас. Тоа што охрабрува е дека расте бројот на оздравени пациенти од домашно и болничко лекување“, дополни Венко Филипче.

Наспроти ставовите на власта дека не се потребни рестриктивни мерки, експертите и лекарите бараат под итно воведување и на полициски час. Микробиологот Никола Пановски препорачува воведување на полициски час како мерка во борбата против вирусот. Викенд мерки и полициски час нѝ е неопходен за да може здравствениот систем да го издржи напливот на пациенти со КОВИД-19, смета доктор Драган Даниловски.

Докторот Игор Николов при свое гостување на Алфа телевизија во „Што не е јасно“ пред неколку дена рече дека се игра пинг-понг со мерките, а не се презема ништо конкретно, дури и алгоритамот кој се користи е за 15 до 30 позитивни не за 900 до 1,100 позитивни лица, како и тоа дека за една недела имаме 70% раст на новозаболени од вирусот.

Локални избори 2021