четврток, 5. август 2021. Вести денес: 143
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од починат маж во болнички тоалет ја згрози Италија – ситуацијата сега е полоша отколку во март

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од починат маж во болнички тоалет ја згрози Италија – ситуацијата сега е полоша отколку во март

На социјалните мрежи се шири снимка од постар маж, заболен од корона кој умира во тоалетот на болница во Неапол, а директорот на оваа здравствена установа изрази длабоко жалење што ваков настан станува предмет на експлоатација.

Станува збор за маж лекуван од коронавирус во болницата Кардељи, но причината за неговата смрт не е позната, иако постои сомневање дека се работи за срцев удар, објави италијанската агенција АНСА.

(ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото е со вознемирувачка содржина)

Снимката настанала кога некој со мобилен телефон влегол намерно во тоалетот да снима, додека персоналот кој го забележал починатиот не бил присутен зошто барале носилка за да го изнесат, со оглед на тоа што болничката соба е преполна со пациенти, за да не се создава паника.
Според генералниот директор на болницата Џузепе Лонго ваквите трагични настани не треба да бидат предмет на експлоатација со намера да се конструираат страшни и опасни сугестии во јавното мислење, објави АНСА.

Директорот Лонго најави истрага за да се открие кој ја направил снимката, а врз телото на починатиот е наредена обдукција за точно да се утврди причината за смртта.

Лекарите во Неапол соопштија дека градските болници се на работ на колапс, ситуација која е евидентна и во другите градови на Италија.

По повод настанот, министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо рече дека во третиот град по големина во Италија, Неапол здравствената криза е надвор од контрола и дека снимката од преполната болница и умрениот пациент се шокантни.

-Ситуацијата во Неапол и многу други области во Кампанија е надвор од контрола. Централната власта мора да интервенија зошто нема многу време, рече Ди Мајо.

Инаку, во средата бројот на заболени во Италија надмина милион, а во земјата досега 42.953 луѓе починаа од ковид-19.

Нарушување на болничката етика беше забележано вчера во Арената во Белград каде вирална стана фотографија од пациентка заболена од ковид-19, додека се соблекувала за преглед.

Коронавирус