петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 117
home Македонија

Волшебно средство кое сигурно го имате во кујна: Оцетот може многу да ви помогне

Волшебно средство кое сигурно го имате во кујна: Оцетот може многу да ви помогне

Знаете ли за што се може да ви послужи оцетот?

Непријатни мириси во вашиот автомобил

Мало тегличе со оцет оставено во багажникот од автомобилот преку ноќта ќе ги отстрани сите непријатни мириси.

Коса

Причината за проблемите со твојата коса после капење во базен не е поради многу хлор, туку остатоци од бакар кои стигнале во водата од цевките кои ја спроведуваат. Освен тоа ако имате првут следниов раствор ќе ги реши и тие проблеми: исплакнете ја косата со мешавина од ¼оцет  и ¾ млака вода, после што се измива само со вода, откако ќе оставите 5 минути да делува.

Облека

Белиот оцет е одлично средство за отсранување на флеки од облеката. Додадете еден филџан при плакнење за дополнителен сјај и белина, а ќе го отстрани и наталожениот детергент внатре во машината за перење со што дополнително се решава непријатната миризба и од облеката.

Болка

Едно австралиско истражување открило дека оцетната киселина делува благопријатно при убод од инсекти, отоци и сл.

Флеки по рацете

Флеките по рацете од разни производи како храна или фарба лесно ќе ги отстраниш ако после миењето со сапун ги измиеш и со оцет.

Коронавирус