среда, 18. септември 2019. Вести денес: 74
home Македонија

Во БиХ остануваат повеќе од 7.000 тони оружје

Во БиХ остануваат повеќе од 7.000 тони оружје

Во Босна и Херцеговина од 24.000 тони оружје, муниција и минско-експлозивни средства остануваат нешто повеќе од 7.000 тони, вклучително и перспективна муниција, изјави министерката за одбрана на БиХ, Марина Пендеш, по состанокот на Стратешкиот комитет за оружје, муниција и минско-експлозивни средства.

Пендеш рече дека на состанокот се разговарало и за напорите да се придонесе за зголемување на нивото на безбедност во БиХ со тоа што ќе се обезбеди соодветно решавање на сите небезбедни муниции, експлозивни средства и вишокот оружје.

Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во БиХ, Александер Чуплигин истакна дека таа мисија обезбедува поддршка за безбедно управување со оружјето и муницијата во сопственост на Вооружените сили на БиХ и работи на подобрување на безбедноста на инфраструктурата на перспективните локации на магацини.