четврток, 6. август 2020. Вести денес: 153
home Македонија

Владата излажа минатата недела, „портпаролот“ Заев ги издаде: Не 700 милиони, сакале да се задолжат 1.2 милијарди евра

Владата излажа минатата недела, „портпаролот“ Заев ги издаде: Не 700 милиони, сакале да се задолжат 1.2 милијарди евра

 

Минатата недела, Курир испрати прашање до Владата на РМ, со прашање дали се точни информаците дека Владата планира да се задолжи за 700 милиони евра.

Одговорот кој го добивме беше краток и јасен: „Вашите информации се целосно невистинити.“

Денеска, во два наврати, еднаш на „Утрински брифинг“ и втор пат на прес-конференција на екс Бихаќка, во седиштето на СДСМ, Заев потврди дека Владата барала да се задолжи цели 1.2 милијарди евра, но успејале да добијат само 600 милиони евра?!

Еве што изјави Заев: „Ни фали милијарда евра за да ги покриеме штетите. Баравме милијарда и 200 милиони евра, а најдовме само 600 милиони. Големите држави ги зедоа парите и сега нема ефтини кредити.“

Првото прашање е зошто Владата, која декларативно се фали постојано со наводна транспарентност,  излажа дека информациите за големи задолжувања се невистинити?

Второто уште посуштествено прашање е кој е Зоран Заев како лидер нa партија како портпарол на Извршната власт да соопштува колку се задолжила Владата, чиј технички премиер е Оливер Спасовки, или така барем треба да биде. Во најмала рака ова требаше да го соопштат министерките Нина Ангеловска или Мила Цароска.

Освен разоткривањето на лагата на Владата, која се задолжила 600 милиони евра (дознаваме од кого друг ако неод Зоран Заев?!), а барала 1.2 милијарди, притоа негирајќи дека ќе се задолжи 700 милиони, Заев денеска докажа и покажа дека актуелните министри се само марионети, а тој е човекот (и не така во сенка) кој и натаму ја води оваа Влада (со чесен исклучок на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев), а министрите од неговата партија само беспоговорно го слушаат, давајќи му и да ги соопштува сите владини одлуки и мерки.

Дури и минситрите на ДУИ му контрираа на Заев и СДСМ. Министерот Бектеши од ДУИ изјави дека тој и неговата партија не се соглаасни со кратењето плати кое го најави Заев во администрацијата.

Коронавирус