среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 177
home Вести

Звонимир Јанкуловски: Последниот случај Рекет е корупциски монструм што ни се случува во Македонија

Звонимир Јанкуловски: Последниот случај Рекет е корупциски монструм што ни се случува во Македонија

Универзитетскиот Професор Звонимир Јанкуловски во емисијата „Што не е Јасно“ на Алфа телевизија, кажа дека последниот случај на рекет е токму тој корупциски монструм што ни се случува во република Македонија и кој го гледаат, Европа го гледа.

-Корупцијата е рак рана на Македонското oпштество, она што ни укажуваа од Европската Унија и меѓународните организации кои ја следат перцепцијата за корупцијата во државата. Денеска видовме снимки како тој случај рекет се решава, едноставно е влезен во системот, корупцијата и те како е во симбиоза со политичкиот систем во Република Македонија и тоа е нешто што не морам јас да го кажам тоа го кажува Европската Унија барајќи владеење на правото и борба со корупцијата. Декларативно вие може да тврдите дека се борите против корупцијата меѓутоа резултатите еве ги гледаме низ аферата што ни се случува во последните три четири месеци, вели Јанкуловски.

Тој додава дека за прв пат народот го виде резултатот од корупцијата во Македонија, ги виде парите, перцепцијата кај граѓаните до сега беше да има корупција кај доктори професори ,но сега ги видоа парите конкретно видоа пари како се бројат и тоа ја менува перцепцијата кај народот тоа станува реалност.

-До сега знаевме, слушавме но сега е веќе реалност парите се тука а каде завршиле тоа истрагата треба да покаже, рече Јанкуловски.