вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Жугиќ: Најнеспособниот градоначалник Шилегов доби метла од партиските кругови, но проблемот е неговата неработа како градоначалник

Жугиќ: Најнеспособниот градоначалник Шилегов доби метла од партиските кругови, но проблемот е неговата неработа како градоначалник

Заев го измете Петре Шилегов од својот двор, но проблемот е депонијата надвор од дворот. Најнеспособниот градоначалник Шилегов доби метла од партиските кругови, но проблемот е неговата неработа како градоначалник, истакна Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје.

-Граѓаните немаат интерес од потпретседателот Шилегов, туку проблемот е градоначалникот Шилегов. Добро е што неговата партија призна дека тој е неуспешен, сега на ред е оставка како градоначалник. Петре Шилегов треба да добие метла како градоначалник затоа што:

-Е единствениот кому му украдоа урбана опрема за фонтаните и покрај ангажирана чуварска служба. Сега штетата ќе ја плаќаат скопјани;

– Затоа што 2 години ја закочи изградбата на новиот луна парк, кој досега требаше да биде готов;

– Затоа што додека скопјани се гушат во смет, зони на Скопје се без соодветен водовод, прептријатијата бележат загуба, се зголемува паричниот надоместокот на членовите во управните и надзорните одбори на градските претпријатија;

– Затоа што за Шилегов не е проблем тендерот доделен на невенчаниот сопруг на министерката од владата која ја води партијата каде до скоро беше и самиот тој потпретседател, не за него тоа не е проблем;

– Затоа што го поскапе паркингот;

– Затоа што ветуваше Скопје со чист воздух, а добивме најзагаден град во светот;

– Затоа што нема ниту еден ново изграден булевар, парк ниту пак започна било каков капитален проект;

– Затоа што Петре вети многу, а не оствари ништо;

-И секако затоа што ги навреди членовите на ВМРО-ДПМНЕ и партијата со зборовите простотилук и фашисти, рече Жугиќ и додаде:

„Недавањето на оставка на Петре Шилегов ќе докаже дека операцијата метла е само сеење на магла и однапред договорена операција за спас на нивните пропаднати политичките кариери“.

Најнови вести

Коронавирус