понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 20
home Вести

Жугиќ: Ја руши ли Шилегов Универзална за да ја исполни квотата на зеленило за 50 нови згради кај Треска?!

Жугиќ: Ја руши ли Шилегов Универзална за да ја исполни квотата на зеленило за 50 нови згради кај Треска?!

Градоначалникот Петре Шилегов се обидува со  еден потпис да ја сруши Универзална сала која е симбол на Скопје повеќе од 50 години. Универзална сала, во која се изведени повеќе од стотици концерти, театарски претстави, детски фестивали, разни културни настани. Концертната сала во која се промовирале безброј домашни уметници и започнале многу блескави кариери, ова денеска преку прес-конференција го истакна актерката Јелена Жигиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

-Салата која е симбол на солидарноста и хуманоста, спомен на илјадници Скопјани, градоначалникот Петре Шилегов сака да ја претвори во градежен шут. Иако Шилегов и СДСМ со години играа на емоциите за старо Скопје, тие всушност брутално ги излажаа граѓаните и сега постапуваат спротивно од предизборните ветувања. Иако ветија дека Универзална Сала повторно ќе блесне во полн сјај, дека ќе градат нова или ќе ја реновираат и реконструираат постоечката, сега по три години натегање со Министерството за култура и со Владата, повеќе од очигледно е дека се било само дефокус од нивната вистинска намера. Градоначалникот на Скопје има намера Универзална Сала да ја замени со монтажна сцена и парк во кој веројатно  ќе насади трева од половина милион евра. Шилегов ја излажа јавноста и дека предлог решението за парк го добил од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а ја излажал и самата Асоцијација кажувајќи дека Универзална Сала ќе ја руши затоа што нема пари да ја реновира и реконструира поестоечката. Лага! Петре не пропушта можност, а да не спомене дека градската каса е полна. Очигледно е дека градскиот татко се  расфрла со пари за се и сешто, а симболот на Скопје, храмот на културниот живот на Скопјани децении наназад, за него и неговата партија нема никакво значење, вели Жугиќ.

Таа додава дека градоначалникот треба да и одговори на јавноста дали зад рушењето на Универзална Сала се кријат и некои бизнис интереси?

-Имено, локацијата на салата е во истата градска четврт во која се наоѓа и кругот на поранешната фабрика Треска, каде со измена на градежниот урбанистички план) се планира да се изградат 50 нови згради. За да може стамбениот комплекс да се реализира ќе треба да биде застапен и соодветен процент на зеленило, па можеби ете процентот ќе биде исполнет со паркот на местото на концертната сала!? Дали Универзална Сала станува жртва на бизнис интересите на градската и извршната власт?! Шилегов ја донел оваа срамна одлука  без притоа да ги консултира Скопјани. Брутално и насилнички. Господине Градоначалник, Скопјани не се согласуваат и апелираат да ја повлечете одлуката за уривањето на Универзална Сала. Наместо уривање, Скопје и Скопјани заслужуваат грижа и работа, проекти и капитални инвестиции преку кои Градот Убав ќе се развива како европска метропола, вели Жугиќ.

Коронавирус