недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Жугиќ: Апелирам до Државниот инспекторат за труд да направи се што е во негова моќ и да го заштити здравјето на вработените во администрацијата на Град Скопје

Жугиќ: Апелирам до Државниот инспекторат за труд да направи се што е во негова моќ и да го заштити здравјето на вработените во администрацијата на Град Скопје

Фејсбук статус на Јелена Жугиќ:


АПЕЛ ДО ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД

📢 Здравјето на администрацијата во Град Скопје , на СИТЕ вработени е крајно загрозено❗️❗️❗️

📢 Пред точно три дена, кога како советник на ВМРО ДПМНЕ давав изјава за тендерот за дронско снимање на зеленилото на територија на Скопје, на новинарско прашање дали имаме сознанија дека во Град Скопје не се спроведуваат мерките за превенција од ширење на вирусот, јавно проговорив дека имаме сознанија по допрен глас дека брутално се кршат сите мерки и алармирав и апелирав до градоначалникот Шилегов веднаш да почне со спроведување на мерките за работа во пандемија ❗️

📢 Истиот ден Петре гостуваше во емисија на една национална ТВ и таму со огромна доза на потсмев и ароганција ( нему својствена) пред целата македонска јавност кажа дека тоа не е вистина, дека советничката “ гумен куршум рони крокодилски солзи” и не покани јавно да направиме инспекција.

📢 Истата вечер му се обратив лично со ФБ статус

📢 Утредента настанал хаос во Град Скопје, раководителите добиле насоки да се пребројат по сектори колку имаат заболени, во паника да не влезат советниците од опозицијата со камери оти нели јавно не покани. Верувам дека се шокирал кога ги погледнал списоците, дека реалната состојба го извадила од “заклучениот кабинет”, но тој сеуште не спроведува мерки под кои треба да работи администрацијата во услови на пандемија

📢 Денеска повторно по допрен глас (ме информираат и “десни” и “леви”, оти на секој здраворазумен вработен во Град Скопје здравјето му е пред сЕ), имам сознанија дека бројот на новозаболени за жал, но и очекувано се зголемува. Новозаболени: уште еден раководител на сектор (кој нормално имал контакт со цел сектор) и член на кабинетот на Шилегов, но Петре упорно како “прв меѓу еднаквите” во Град Скопје брутално го крши законот за работа во услови на пандемија и не ја спроведува најзначајната мерка за спречување на ширење на вирусот меѓу вработените, мерката за 14 дневна самоизолација на контактите на заболените.

ЗАМОЛУВАМ ова мое обраќање да не се искористи во политички цели, да не се релативизира темата и девалвира АПЕЛОТ.

АПЕЛИРАМ до Државниот инспекторат за труд да направи сЕ што е во негова моќ и ингеренција и да го заштити здравјето на вработените во администрацијата на Град Скопје

#СекојЖИВОТеВАЖЕН ❗️❗️❗️

📢📢📢📢📢📢📢📢📢📢📢

АПЕЛ ДО

ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД
📢📢📢📢📢📢📢📢📢📢📢📢📢📢

📢Здравјето на администрацијата во Град Скопје , на СИТЕ вработени…

Posted by Јелена Жугиќ on Thursday, 25 March 2021

Најнови вести

Локални избори 2021