среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 151
home Вести

Зошто во обвинението за Рекет не се опфатени луѓе за кои постојат сериозни сомнежи за вмешаност?

Зошто во обвинението за Рекет не се опфатени луѓе за кои постојат сериозни сомнежи за вмешаност?

Бизнисменот Киро Тошевски кој деновиве е актуелен во јавноста со неговото сведоштво дека бил рекетиран, во емисија на телевизијата Алфа на која дебатираше со Зоран Азманов, изнесе нови аспекти од скандалот.

Тој тврди дека е сведок на атак и врз бизнисменот Зоран Азманов. Тошевски читаше смс коресподенција со Азманов, за која тврди дека е автентична, во која наводно Азманов посочува дека Кирацовски се јавувал во Финансиската Полиција да му се покрене обвинение против него. Ова тврдење на Тошевски, Зоран Азманов прво не сакаше да го коментира, па потоа се дистанцираше.

Бизнисменот Зоран Азманов пак од друга страна во истата емисија призна дека бил жртва на обид за Рекет.

Факт е дека јас бев мета на рекет и тоа прв го кажав. Уште во февруари месец искочив во јавноста и прв проговорив, што го прават Катица Јанева, организирана група, Боки 13, синот на Катица Јанева и други луѓе и на кој начин ги прибираат парите од компании кои имаат проблеми од СЈО- рече Азманов.

Јас имам сомнение дека директорот на финансиската полиција имал многу блиски односи со Боки 13, бидејќи самиот Боки во телефонски разговор, ми кажа кога го прашав како можеш да најавуваш дека јас сум урбана мафија, кога никогаш во животот не си дошол кај мене или твој новинар да побара документација да докаже со нешто дека јас сум урбана мафија, он ми вели не се секирај јас ги имам сите документи за тебе од финансиска полиција и СЈО- посведочи Зоран Азманов.

Најнови вести

Коронавирус