вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 32
home Вести

Зошто си оди министерот Алаѓозовски: Сите скандалозни промашувања на СДСМ во културата за само една година

Зошто си оди министерот Алаѓозовски: Сите скандалозни промашувања на СДСМ во културата за само една година

Министерството за култура со реконструкцијата на Владата ќе добие нов министер, на местото на се уште актуелниот министер, доаѓа Асаф Адеми, како предлог од крилото на БЕСА предводено од Африм Гаши.

Министерувањето на Алоѓозовски, кој една година беше на позицијата министер за култура најмалку што може да се каже е неуспешно, тој од стручната фела и од опозициската партија беше обвинет за скандалозна годишна програма во културата за 2018 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека годишната програма на Министерството за култура е скандалозна, безидејна, неправична, популистичка и не поддржува рамноправен културен развој во Република Македонија, како на локално ниво, така и во однос на етничката застапеност на заедниците кои живеат во Република Македонија.

-Програмата е одраз на задоволување на апетитите на подобните соработници на Заев чии долгови се подмируваат со пари на граѓаните. Нетранспарентноста на критериумите согласно кои се одобрени проектите и распределени средствата, ни дава за право, да заклучиме дека основните критериуми и начела за распределба на проектите се пред се политички, а дури потоа естетски. Најгласните експоненти на таканаречената „Шарена револуција“ се застапени со два, три или четири проекти, а се кратат или се одбиваат голем број значајни проекти. Министерството за култура поделило пари и за проекти во кои фигурираат и членови на комисиите, а финансиска поддршка е предвидена и за проекти зад кои стојат членови на Советот за култура на министерството, рече Вељановски на 14 февруари оваа година и додаде:

„Народни пари се делат на проекти за кои што јавноста виде дека лицата кои се потпишани воопшто немаат информации или пак се одобруваат средства кои се повисоки од побараните. Скандал до скандал, а најтрагични се оправдувањата дека биле направени само технички пропусти“.

Овие технички пропусти, подвлече тој, говорат за третманот кон културата и кон народните пари од страна на Алаѓозовски и СДСМ.

-Програмата ги дискриминира носечките национални установи. Установите кои би требало да се носители на културното живеење се ставени во подредена улога за сметка на фаворизираната независна, односно приватна продукција. Со ова, Министерството за култура не ја демонстрира и во пракса не ја спроведува декларираната посветеноста кон културни политики што целат кон изградба на едно општество за сите, кон децентрализација на културата и кон еднаков пристап до културата за сите граѓани на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ бара Владата и Министерство за култура под итно да ја повлечат Годишната програма и да отпочнат постапка за изготвување на нова програма за 2018-та согласно декларираните принципи на правичност, диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, а согласно интересот на сите граѓани на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Вељановски, бара да бидат повлечени сите членови на комисиите кои имаат конфликт на интереси и да се постават нови кои немаат.

-ВМРО-ДПМНЕ бара Програмата да биде повлечена и поради фактот што во оваа Годишна програма аплицирале и одобрени им се проекти на лица кои имаат или може да имаат директно влијание врз одлуките на Стручните комисии. ВМРО –ДПМНЕ бара Програмата под итно да биде повлечена и поради скандалот без преседан во историјата на македонската култура, скандал во кој една од најреномираните македонски културни установи поднела документи и добила проект без согласност и потпишано одобрение на членовите на македонската Рок група со меѓународно реноме. Овој срам за македонската култура веќе е одбележан и во балканските медиуми како обид за измама и обид за проневера. Овој случај, остава простор за сомнение за слични или поголеми неправилности. ВМРО-ДПМНЕ цени дека наместо декларираниот развоен елемент на македонската култура, со оваа програма се уназадува културата и културното живеење. Понудената програма нема концепт и во неа не можат да се препознаат основните приоритети на овој состав на Министерството за култура, во културата и културното живеење во Републиката, изјави Вељановски.

Скандалозни одлуки кои ги донесе се и повлекување на конкурси за доделување средства на уметници, што беше само една од причините поради кои стручната фела многу пати реагираше на работата на Алоѓозовски.

Министерувањето на Роберт Алоѓозовски ќе остане запаметено и по непотизмот кој цветаше во министерството за култура. Еден од советниците на министерот за култура Роберт Алоѓозовски беше Златко Теодосиевски, кој е и осомничен за финансиски малверзации во времето кога извршувал висока функција во министерството. Тој исто така беше назначен и за член на комисијата за ревизија на проектот Скопје 2014, објави порталот Лидер.

Теодосиевски успеал да издејствува неговата сопруга Гена Теодосиевска да се вработи. Имено таа благодарение на него е именувана за директор на Фестивалот на филмска камера Браќа Манаки, што несомнено претставува непотизам.

Исто така таа во изминатите години била дел од значајни комисии клучни за стратегијата на филмската дејност, како и селектор или пак уметнички директор на неколку македонски филмски фестивали. Нејзиниот потпис се наоѓа на многу документи и одлуки, како на пример на проектот играна серија “Македонија” за кои се покренати судски спорови.

Наместо на суд, Евгенија Теодосиевска завршува на позицијата директор на филмски фестивал.

Непотизмот продолжува со Донка Барџиева – која ја искористи својата советничка позиција во Македонија за да поддржи издавање на книга на својата родена сестра Кица Колбе.

Низ филмските кругови во Македонија, на големо се зборува дека директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија на распишаниот конкурс за производство на ТВ серија, го подготвува теренот за да му додели проект на неговиот внук и режисер Вардан Тозија, на кој веќе му додели средства за игран филм.

Министерувањето на Алаѓозовски го следат неколку скандали за незаконски отпуштања од работа на десетици административци, докажани професионалци во културата, укинувања на низа погодности за македонските уметници и тотална негрижа за стручниот кадар во администрацијата.

Покрај отпуштањето на докажани професионалци, Алоѓозовски во министерството вдоми неколку активисти од Шарената револуција, како што се Нора Шаќири, Мирослав Грчев, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил и многу други.

Уште една од причините поради кои имаше остри реакции од јавноста, но и од експертската фела откако министерот преку своето министерство му додели пари на Контрапункт, организација од која во минатото и самиот беше дел. Тогаш коментарите беа дека министерот сам на себе си доделувал пари.

Кога ќе се соберат овие скандали, но и многу други кои министерот Алоѓозовски ги има направено како министер, може да се каже дека тој имаше се освен успешен мандат, неговиот мандат беше полн неуспеси во политиката, што и беше причина јавноста секојдневно да ја осудува неговата работа.

 

Коронавирус