петок, 3. април 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Зошто секторот образование е изземен за К-15, а вработените се донесени во понеповолна позиција од другите вработени во јавниот сектор?

Зошто секторот образование е изземен за К-15, а вработените се донесени во понеповолна позиција од другите вработени во јавниот сектор?

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) будно ги следи случувањата кои го засегаат остварувањето на правата од работен однос на вработените во секторот образование со цел навреме и соодветно да реагира во насока на нивна заштита.

НСОН ја поздравуваме одлуката за враќање во сила исплатата на регрес за годишен одмор (популарно К-15),  но во исто време прашуваат:

„Зошто секторот образование е изземен, а вработените во овој сектор се донесени во понеповолна позиција од другите вработени во јавниот сектор?  Зошто вработените во секторот образование се секогаш последни на листата за унапредување на работнички права“?

Ги повикуваме вработените во образование уште помасовно да пристапат во НСОН, со цел постигнување на репрезентативнсот и потпишување соодветни Колективни договори. Во меѓувреме, го потсетуваме репрезентативниот синдикат СОНК дека треба да се преземат соодветни мерки за надминување на нееднаквоста која ги засега вработените во образование. Постои големо незадоволство кај просветните работници по однос на настанатата дискриминација и поради тоа го поттикнуваме репрезентативниот синдикат СОНК, доколку не дојде до брзо решение да го искористи правото на започнување на штрајк на кој ќе добие поддршка од мнозинството на вработени во секторот образование, се посочува во соопштението од НСОН.

Коронавирус