недела, 16. мај 2021. Вести денес: 64
home Вести

Зошто СДСМ го крие Бејта: Дали Заев со снимки го уценувал Бејта, клучниот човек за коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ?!

Зошто СДСМ го крие Бејта: Дали Заев со снимки го уценувал Бејта, клучниот човек за коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ?!

 

Судскиот процес „Монструм“ кој вчера за прв пат требаше да почне под палката на СЈО и откако беа пуштени на слобода обвинетите, е одложен бидејќи обвинетиот Фејзи Азири бил во болница и не можел да присуствува.

Горан Наќевски, татко на Александар кој заедно со уште четворица пред шест години беше убиен кај Смилковското езеро, на денешното рочиште за случајот Монструм се обрати пред судот.

И тој, како и претходно неговата сопруга побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот Монструм.

-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината.

Неговата сопруга и мајка на убиениот Александар прочита и транскрипт од разговор кој наводно се водел помеѓу обвинетиот Азири и едно од непознатите лица.

„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не го довршив тој никаквец“.

Посочениот Невзат Бејта беше клучен за коалиција на ДУИ со СДСМ

Во периодот после изборите во декември 2016 во ДУИ се случуваше неофицијална поделба на два табори, оние кои беа за продолжување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ по т.н. правило победник со победник и втората струја која ја сочинуваа тогашните потпретседатели Теута Арифи, Невзат Бејта и ИЗет Меџити кои се залагаа за коалиција со СДСМ.

Невзат Бејта, како што тогаш шпекулираа медиумите во моментите кога се носеа одлуките бил чест посетител на Бихаќка и имал директни средби со Зоран Заев.

-Градоначалникот на Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, во седиштето на СДСМ во Скопје имал куса средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, пишуваше тогаш порталот А1он.мк, додека неговиот лидер Али Ахмети подоцна изјави рече „дека знае кога каде пратил“.

Тој исто така даваше и отворени изјави дека ниту еден Албанец не сака да соработува со Груевски. Ова Невзат Бејта потпретседателот на ДУИ го изјави во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Невзат Бејта на последните локални избори беше поддржан од СДСМ како заеднички кандидат, а лично Оливер Спасовски, како министер за внатрешни работи учествуваше во неговата кампања, го поддржуваше и говореше на митинзите.

Бејта не сака да коментира

Високиот функционер на ДУИ и ексградоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, за повеќе медиуми одби да ја коментира неговата поврзаност со случајот „Монструм“, како и деталите од разговорот со обвинетиот Фејзи Азири за кој еден од родителите на убиените момчиња тврди дека го слушнал.

„Јас сум надвор од државата, не можам да коментирам ништо“, рече Бејта .

Таткото на убениот Александар, Горан Наќевски, тврди дека постојат транскрипти кои сега премиерот Зоран Заев не сака да ги даде поради политички причини.

 

 

Коронавирус