среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Зошто Рашковски му е толку важен на Заев?

Зошто Рашковски му е толку важен на Заев?

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, деновиве е во средината на скандалот со италијанската компанија Леонардо во кој наводно мести 7 милионски тендер во М-НАВ.  Рашковски на вчерашната прес конференција видно нервозен најави тужби за претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и за македонски медиуми кои известуваа за овој скандал, кој патем веќе го објавија и медиуми во Италија.

Но ваквиот јавен атак кој Рашковски го прави не е прв. За слично искуства известуваа и колегите новинари од проектот ПРОВЕРЕНО во епизодата од февруари 2018 година. Рашковски иако им ветил, одбил да биде интервјуиран и се допишувал со новинарите дрско безобразно и непристојно со закани.

Ваквата реакција уследила откако претходно новинарите се интересирале за скандалозните ангажмани на роднини и блиски лица на Рашковски со државни служби откако тој стапил на високата позиција генерален секретар на Владата, односно безмалку прв административец и лице на целата јавна и државна администрација.

Во истата емисија ПРОВЕРЕНО беа обелоденети случаите кога на седница на влада на 09 август 2017 година мајката на неговата сопруга била именувана на две позиции Претседател на комисија во Централниот регистар и член на УО на ЈП за берзанско работење АГРО БЕРЗА. Потоа беше обелоденето дека негов близок другар од студентските денови адвокатот Дејан Костиќ, на кого патем Драги Рашковски му бил сведок на венчавката, беше ангажиран да му  биде правен застапник на повеќе владини институции. Да биде случајот уште посомнителен адвокатското друштво на Костиќ беше формирано на 27.07.2017 година, за веќе после неколку денови ги добие првите договори за ангажман од владата. Рашковски тука не застана па излегоа информации дека Рашковски се самопредложил за владин претставник во собранието на Македонски Телеком.

Дополнително, како што известија тогаш колегите од емисијата ПРОВЕРЕНО, Драги Рашковски за свој посебен советник ја назначил сопругата на адвокатот дејан Костиќ, Оливера Кипровска Костиќ за следење на проекти за ИПА фондови во кабинетот на генералниот секретар (истиот Рашковски што бил сведок на нејзината свадба). Платата која Оливера Кипровска Костиќ ја добивала за овој ангажман изнесувала 38 илјади денари, за следење на ИПА фондовите низ кој циркулираат милиони евра. На овие прашања Рашковски на новинарите од проект ПРОВЕРЕНО, тогаш им одговорил дека тој немал никаква врска со нејзиниот ангажман и дека таа се пријавила на конкурс на која била ЕДИНСТВЕН кандидат.

Исто така Драги Рашковски имаше и предходно една крајно скандалозна изјава. Имено во интервју во 2017 година изјави:

„Јас ќе ви кажам што му треба. На нашиот народ му треба добар ќотек и добро гушкање. За да сфати каде му е местото. Некој треба да го опамети, да го исшамара за да се свести каде е“.

 

И покрај досегашните скандали и последниот кој доби и меѓународни димензии Рашковски не е на листата за метла на Зоран Заев. Се шпекулира дека освен што е сограѓанин на Премиерот , тој важи за човек од доверба на Зоран Заев преку и со кој заедно го поминуваат слободното време возејќи мотори во родната Струмица. Токму затоа Рашковски е првиот генерален секретар на Влада кој чувствува сериозна политичка моќ и поддршка.

Скандалот со М-нав во кој постојат сериозни индиции дека се мести тендер и во кој Рашковски навредува нации и држави кои се партнери на Македонија, а кои произлегуваат од аудио материјал изгледа ја прели чашата на јавноста, но сепак тоа не е доволно Заев да го разреши од позицијата.

Дали тоа што е човек од доверба на Заев, значи дека Рашковски работел по директни инструкции на премиерот па затоа се поставува дополнително прашањето  дали неговото разрешување носи ризик за сочни детаљи од заедничките проекти да ја компромитираат целата влада?

Заев нема да го разреши Рашковски: Не е арогантен и не може да го правите салата

Премиерот Зоран Заев засега нема да бара оставка од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за М-НАВ. Како што изјави денеска, најпрво треба да се согледаат последиците од целиот „настан“, па потоа да се донесе одлука. Рашковски, нагласи Заев, ги исполнува сите свои работни обврски, а и јавно се извини за случајот.

Во врска со најавената „метла“, премиерот информира дека во вторник, на 9 јули, би можеле да се донесат и првите одлуки. Промени ќе има најверојатно на 20 – 25 места, директорски и кај раководители на подрачни единици. Заев, рече, сака да ги преслуша уште еднаш аргументите зашто одлуките мора да се праведни.

-Случајот со „Леонардо“ го затекнавме кога дојдовме како Влада. Се работи за тендер што е завршен во 2016 година, но постапката до крај не е завршена. Тоа беше јавно, детално објаснето. Тужба како Влада, нема да поднесеме, но секој како физичко лице тоа може да го стори за да го заштити својот дигнитет и достоинство. Кога прифаќаме одредени функции свесни сме дека треба да бидеме под лупа на јавноста, но тоа не значи да бидеме и боксерски вреќи, некој да не прави салата, подвелече Заев по пуштањето на контролниот центар за патарини во Петровец.

За т.н. „летр оф аворд“, потенцира дека не значи никаква награда и дека таква формулација се користи за одобрување на проектот. – Тоа е потврда на добивање одредена работа према конкурентите. Не се работи за никакви провизии, ниту награди, објасни Заев.

Тој лично ќе испрати писмо до „Леонардо“, со извинување од име на Владата. Тоа ќе го стори и кон ромската заедница во земјава.

– Италија е наш докажан пријател, а и на ромската заедница и даваме посебно место. Ја користам приликата за извинување во име на Владата, но истрагата ќе покаже дали случајот е монтиран. Верувам дека ќе има истраги и кривични постапки, истакна Заев.

Коронавирус