недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Зошто МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР?

Зошто МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР?

Затоа што тоталитарната власт во Македонија веќе ја симна маската. Сега гледаме политички монструм кој ја уништува државата по сите параметри.  Сега веќе и меѓународната му е крива. – Макрон, Тимоние, Франција. Ја заборава Холандија, Данска, лицемерната Грција и злонамерната Бугарија.

Својата деструктивност и  криминогеност оваа мафијашка организација на власт која ја тормози и уништува татковината, а сето тоа го прекрива со нивните лажни претстави и ветувања, владее  со терор и репресија.  Името отиде јабана, а датум за преговори со ЕУ недобивме. Го дадоа НАЈСВОЕТО, НАЈСВЕТЛОТО, НАЈСВЕТОТО, а добија едно големо НИШТО.

Ова мора да запре! Не можеме да дозволиме да не турнат во амбисот на  ужасот  и  уништувањето иако сме доведени до самиот раб. Се поради нивното константно  злоупотребување на институциите во партиски и лични цели.

Ова веќе не е заробена држава,  ова е поробена и уништена држава! Убиството на македонскиот народ е во тек.  Се е спремно за негова ликвидација по налог на странскиот непријател,  а во изведба на домашните предавници.  Владеачката врхушка на власт, ја погази волјата на народот, изразена на референдумот, го промени Уставот на Република Македонија, а потоа и името на државата и идентитетот на македонската нација. Затоа треба акција, отпор и спротивставување. Граѓанската непослушност – МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР е методот на борба кој сега веднаш треба да се примени.  Инаку ќе биде доцна.

И затоа, МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР! Сега и тука – во МАКЕДОНИЈА. И секаде низ светот каде што се МАКЕДОНЦИТЕ.

Македонски непокор

Коронавирус