недела, 9. мај 2021. Вести денес: 74
home Вести

Зошто Груби го „потона“ Албин Курти со себе- пишува Горан Момироски

Зошто Груби го „потона“ Албин Курти со себе- пишува Горан Момироски

Во обид да добие политички поени за себе во ситуација кога е тема на сериозен раскол во ДУИ вицепремиерот Артан Груби се пофали дека е причина за кршење на Виенската конвенција и за уривање на имиџот на идниот косовски премиер Албин Курти.

Груби вчера за медиумите на албански јазик се пофали дека тој го повикал косовскиот мандатар Курти да се вмеша во македонските внатрешни работи.

Курти вчера по повикот од Груби се вмешал во македонскиот попис по кој според него со поголема бројка на Албанци на пописот ќе има и повеќе права но и пари за Албанците од македонскиот буџет.

Елилогот од повиците на Груби и Курти е е катастрофален и за македонскиот вицепремиер и за популарниот албански лидер во регионот.

Од повикот на Курти до албанската дијаспора нема значително поместување на бројот на попишани Албанци во дијаспората што укажува на неколку работи.

1. Операцијата на Груби не носи математички резултат и тој нема да може да го користи овој (не)успех во престојната внатрепартиска битка со крилото на Изет Меџити кога ќе се бира наследник на Али Ахмети.

2. Иако Алијанса на Албанците е уверена дека со доаѓање на Курти на власт во Косово добиваат ексклузивен партнер кој ќе го преферира само Зијадин Села лидерот на Самоопределување покажува дека во битката за лидер на сите Албанци со Еди Рама ќе соработува и со други политички групации како таа која ја предводи Груби

3. Албин Курти кој досега не демантираше дека Груби барал од него да се меша во пописот, покажа дека нема контрола на албанската дијаспора од Македонија со што си го урива имиџот на еден од најпопуларните албански лидери во моментов.

4. Со наредната влада во Скопје која ќе ги замени СДСМ и ДУИ Курти ќе треба да објаснува зошто ја прекршил Виенската конвенција и се вмешал во внатрешните работи на суверена држава за каква се смета Македонија. Курти утре нема да може да се буни против повиците на Скопје за поголеми права за Македонците во Гора и Брод.

5. Македонските власти молчат и признаваат дека се во заложништво на Груби и делови од ДУИ кои преку пописот се обидуваат да преживеат политички во услови кога немаат направено ништо посебно за подобар живот на македонските граѓани вклучително и Албанците.

6. Албанците од Македонија во дијаспората и тие во Македонија знаат дека популистичките повици на лидерите немаат никаква важност во распределбата на парите од државниот буџет ако државната каса е испразнета со погрешни политики и корупција на ниво на 111 место на најкорумпираните земји во светот.

Еден ден откако косовскиот премиер во најава Албин Курти директно се вмеша во македонските внатрешни работи вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска престојува во еднодневна посета на Приштина.

Груби има средба со лидерите на политичките партии, Вјоса Османи, Енвер Хоџај, Лумир Абдиџику, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај и претседателот на Здружението за деца без родители на Балканот, Халил Кастрати.

Тема на разговор на состаноците ќе биде пописниот процес во Република Македонија, пишуваше во најавата во која воопшто не се споменуваше средба со Курти.

Пишува Горан Мимироски за Експрес.мк.

Коронавирус