петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 21
home Вести

Зошто Филипче и надлежните кријат дали помеѓу заболените од коронавирус има Врховен судија?

Зошто Филипче и надлежните кријат дали помеѓу заболените од коронавирус има Врховен судија?

Министерот за здравство Венко Филипче и надлежните институции и натаму кријат дали помеѓу заболените со коронавирусот Ковид 19 има судија од Врховен суд кој додека имал симптоми давал заклетва пред членовите на судскиот совет и во меѓувреме одел на работа.

Имено Филипче и на денешната прес конференција избегна да даде конкретен одговор на прашањето дали вториот заболен од коронавирус од Тетово е судија од врховен суд кој на 16 март давал заклетва пред членовите на судскиот совет заедно со уште неколку други судии, а потоа неколку дена одел на работа во врховен суд.

Единствениот одговор на Филипче беше дека надлежните од понеделник ќе ги испитуваат институциите. Од министерството ги имаат податоците за сите заболени, сепак избегнуваат да одговорат, иако претходно бевме сведоци дека за останати институции каде има заболени вработени уште веднаш даваа потврда за нив.

Филипче кој во овој случај не сака да одговори, пред некој ден истакна дека ќе има санкции доколку се воспостави дека некој се појавил на работно место свесен дека и претходно има симптоми.

Доколку навистина врховниот судија бил заболен од коронавирусот и давал заклетва, но и притоа одел на работа тој не само што ги загрозил животите на неговите колеги туку и на сите вработени во судот.

Претседателот на адвокатска комора Љубомир Михајловски предупредуваше и испрати писмо со кое бараше владата да ги одложи судењата затоа што може да настане вистинска катастрофа ако во затворите и судовите се рашири вирусот.

„ Ако Владата носи одлука да не работи бурекчилница или кафуле каде што доаѓаат околу 40 луѓе, замислете ние само вчера во Граѓанскиот суд во Скопје имавме околу 600 луѓе од 8:30 до 10:30 наутро. Тоа е цела Универзална сала да ја донесете. Затоа, потенцирам: Не бараме само поради адвокатите туку и поради странките и поради државата“, изјави Михајловски

Законот е јасен, кој пренесува заразна болест на друг му се предвидува законска казна. Според кривичниот закон во член 205 многу јасно се припишани затворските казни кои може да бидат од една година до 10 години.

Филипче и надлежните интситуции се должни да ги почитуваат законите но и да се грижат за здравјето на граѓаните и токму затоа доколку оваа информација е вистината во никој случај не смее да ја кријат, а воедно мора да следат и санкции.

Коронавирус