среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Зошто една година земјоделците чекаат да профункционира мерката млад земјоделец?

Зошто една година земјоделците чекаат да профункционира мерката млад земјоделец?

Цветан Трипуновски, член на Извршниот комисите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата со министерот за земјоделие Трајан Димковски го праша зошто се уште не е завршена мерката млад земјоделец и зошто се уште се чека да се одобрат апликациите.

Во 2017 на повикот млад земјоделец имаше преку 600 тини апликации, одобрени во 2018 година затоа што обработката оди една година беа одобрени 400 апликации. Вие бевте раководител на секторот за рурален развој и креатор на мерката објавата 2018 година во октомври. Трајан денеска сме 2019 година, колку апликации имаше одобрено? Еве ве прашувам јавно и гласно колку апликации се одобрени од мерката млад земјоделец за 2018 та година, праша Трипуновски.

На што министерот за земјоделие Трајан Димковски нагласи дека мерката се уште не е завршена и после една година од нејзиното објавување.

Според Трипуновски за оваа мерка се промашени се критериумите, додавајќи и дека мандатот на оваа влада им поминал во спиење и во неработење.

Зошто една година помина, луѓето се иселија, што чекате. Јас ќе ви кажам утнати ви се критериумите, посочи Трипуновски.