недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 53
home Вести

Зошто е грев да вежбаш, а не е гнев да си ја продаваш државата?

Зошто е грев да вежбаш, а не е гнев да си ја продаваш државата?

Откако во медиумите излегоа заклучоците од Советот на Европската Унија каде што јасно стои дека почетокот на преговорите на Република Македонија се условени од Република Бугарија со откажување од македонскиот јазик и малцинство, провладините медиуми истрчаа преку пласирање на лажни вести да ја дефокусираат јавноста и да го отргнат гневот и револтот од страна на граѓаните.

Имено, денеска по втор пат на провладините медиуми се објавува видео снимка од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи го дека во време на пандемија од кoрoна вирус тој вежба и не ги почитува препораките за заштита на здравјето.

Но доколку добро се погледне снимката од објавеното видео може само да се констатира дека датумот на видеото е прикриен се со цел да се манипулира јавноста и граѓаните.

Мицкоски преку официјалниот фејсбук профил, се огласи и порача дека снимката е стара повеќе од 6 месеци обвинувајќи ги квази и скапо платените пиарџии на СДСМ дека наместо да се служат со креирање на лажни вести треба да одговорат што е со тендерот за Дрисла, со новата блокада на патот кон ЕУ, како и покачувањето на акцизата на нафтата.

Не е толку срамно што објавуваат без да прашаат, туку е срамно што лажат континуирано и бесрамно. И нема ниту една лага да не им се распрсне и дознае. Веќе е совршено јасно дека зад ваквите лаги стојат повеќе квази пиарџии платени со државни пари, и еден центар на моќ сместен на Бихачка. Дечки, повторно грешка, снимката е стара најмалку половина година, туку сега што правиме со тендерите во Дрисла, со новата блокада на патот кон ЕУ, со грабежот кој го правите со новата акциза, со економската криза и нарушеното здравје на граѓаните. Незрелото однесување на СДСМ значи ново пробиено дно. Сосема на крај, сепак има разлика. Да, јас спортувам, а вие крадете. Да, јас планинарам, а вие ја срамите и распродавате Македонија и да, ќе продолжам да вежбам кога ќе се создадат услови, а вие сепак на крајот од денот ќе останете ситни луѓе и јас ве жалам!, вели во својата реакција Мицкоски.

Добро познато им е на граѓаните дека Мицкоски важи за политичар кој што е искрен љубител на спортот кој што своето слободно време најмногу го користи за планинарење и спортување.

Оттука, логично е да се постави прашањето зошто е грев да вежбаш, а не е грев да си ја продаваш државата или подобро што е пострашно спoртувањето или распродажбата на македонскиот јазик, малцинство и идентитет?

Но, и покрај очајничкиот и потценувачкиот обид на СДСМ кон граѓаните, тие доволно се свесни дека полошo од ова што го направи власта на СДСМ не може да има.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија