среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 91
home Вести

Зоран Заев ниту сега, ниту во минатото при огромни дебакли немаше сила за промени

Зоран Заев ниту сега, ниту во минатото при огромни дебакли немаше сила за промени

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се уште не може да расчисти со старите транзициски кадри во сопствените редови. Кадрите во старо-новата Влада се истите стари и истрошени транзициски кадри кои на политичката сцена се повеке од 20 години. Партијата на Зоран Заев не собра храброст за промени во сопствените редови, ниту сега со кадрите во Владата ниту со „новите‘‘ минсистри. Во минатото и при огромни дебакли од 200 000 гласа разлика како во 2008 година немаше храброст за промени и демократизација. Еден од транзициските ликови е и Радмила Шекеринска која е константен лик во СДСМ дури и со огромни сопствени дебакли во историјата на политички сцена таа сепак се одржува во високите структури во СДСМ.

За демократскиот капацитет на претседателот на СДСМ, Зоран Заев говори и фактот што и при огромни дебакли никогаш немаше сила за промени во редовите на соптвената партија. СДСМ е константно опкружена со ликови од времето на транзицијата. Доколку се погледнат резултатите од предвремените парламентарни избори во Република Македонија во 2008 година тој доживеа огромен дебакл и пораз со 200.000 гласови разлика, а сепак не направи структурни промени.

СИТЕ ПОРАЗИ НА СДСМ

Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2008 година освои 481.501 глас додека Коалиција за Европа предводена од СДСМ освои 233.284 гласови. Преточено во мандати коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 63 мандати додека коалицијата предводена од СДСМ 27 мандати. Пораз од 200 000 гласови разлика, но за СДСМ и тоа не беше поттик за промени. Исто така, Зоран Заев доживеа огромен пораз и на предвремените парламентарни избори во 2014 година. Тие се одржаа истовремено со вториот круг на редовните претседателски избори. Тогаш Зоран Заев доживеа огромен пораз од Коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ освои 481,615 гласови а коалицијата на СДСМ освои 283.955. Тоа е резултат од приближно 200 000 илјади гласови во предност на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2016 година СДСМ исто така ги изгуби изборите. Но, и тогаш не смогна сили да направи промени и освежување во сопствените редови. Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во во 2016 година освои 454.577 гласови, а коалицијата предводена од СДСМ освои 436.981 гласови. И овој пораз за Заев сепак не беше повик за промени.

За разлика од Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200.000 гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ покажа сила за катарза и промени.

Оливер Спасовски секогаш му беше чуварот на поразите на Зоран Заев а Љупчо Николовски кој единствен доживеа пораз во 2020 година во третата изборна единица од сега веќе поранешниот генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, Заев го награди со вицепремиерско место. СДСМ, предводена од Љупчо Николовски во третата изборна единица доби 66.853 гласови наспроти носителот на третата изборна единица Игор Јанушев од ВМРО – ДПМНЕ со 71.551 гласови.

ХРАБРОСТ И МУДРОСТ ВО ВМРО-ДПМНЕ

За разлика од ова, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покажа политичка мудрост и храброст за промени во сопствените редови. Мицкоски покажа храброст и сила по најавената катарза да ги направи неопходните промени во сопствените редови и најави бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата во Македонија.

Вчера на седница на Централниот комитет ВМРО -ДПМНЕ продолжи со катарзата и изгласа нов Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој се состои од помалку членови и нови имиња. Се работи за комплетно нов тим и дел од членовите на новиот извршен комитет на ВМРО- ДПМНЕ се луѓе кои својата шанса ја добиваат за прв пат во раководните структури на партијата. На вчерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, избрани се новите членови на партијата: потпретседателите на партијата Александар Николоски, Владо Мисајловски, и новите членови поранешниот пратеник Иван Иванов, претседателот на унијата на млади сили, Сергеј Попов, координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, Гордана Димитриевска – Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.

Генералниот секретар Игор Јанушев од лични причини си поднел оставка, по што како што рече Мицкоски ќе се избере нов генерален секретар, претседател на унија на жени и на ветерани. Исто така во новиот Извршен комитет на ВМРО – ДПМНЕ не се веќе дел Ане Лашоска, Владимир Неловски, Орце Георгиевски, актерот Тони Михајловски, Димитар Димовски, Игор Николов, Иванка Василевска.

Коронавирус