сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

„ Зоран Заев е единствениот аболициран политичар на функцијата премиер во светот “

„ Зоран Заев е единствениот аболициран политичар на функцијата премиер во светот “

Зоран Заев е единствениот аболициран политичар на функцијата  премиер во светот. Преку случајот „Глобал“ украде цели 8 милиони евра од државата, а спасот го најде во неговиот ментор Бранко Црвенковски.  Со доаѓање на власт криминалот го мултиплицираше. Кога стана премиер, семејството Заеви го купи струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“ со над 7.300  м2 индустриски и деловни простории по цена од само 20.000 евра. Тоа значи дека по цена од само 10 евра за м2 Заеви станаа сопственици на индустриски погони и деловни простории во Струмица, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ.

-За 20.000 евρа гρаѓаните не можат да κупат ниту гарсоњера од 25 м2,  а не деловен објеκт и индустрисκи погон. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а бројот на лица кои живеат во сиромаштија се искачи на 460.000, Заеви по багателна цена купуваат цели индустриски гиганти. Бизнисите едвај преживуваат поради лошото економско опкружување кое го креираше оваа криминогена и одродена власт, но затоа фирмите на Заеви рапидно се шират. Ова криминално работење мора да запре. Република Македонија не е феудален посед на Заеви. Заев и СДСМ мора да си заминат. Република Македонија мора да тргне напред, се додава во соопштението.

Најнови вести

Коронавирус