понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Зоки Кичеец од Шутка – Кај Жан Митрев

Зоки Кичеец од Шутка – Кај Жан Митрев

Вечер дознава дека еден од двјацата притовореници за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец по негово барање од притворот во Шутка заминал и е пренесен во клиниката на Жан Митрев.

На Кичеец кај Жан Митрев треба да му се изврши колоноскопија и тоа постапката ќе трае дури три дена.

Целиот случај е сомнителен за јавноста и постои можност дека се интервенирало од Владата за Кичеец да излезе од затворот Шутка и да престојува три дена кај Жан Митрев за со него да се вршат контакти од страна на лица заинтересирани за случајот „Рекет“, бидејќи е сосема невообичаено процес на колоноскопија да се врши три дена и тоа во приватна клиника.

  1. *Колоноскопија е тест, каде што лекарот со помош на колоноскоп (тенко црево) гледа во долниот дел на гастроинтестиналниот тракт (ректумот, дебелото црево и завршниот дел од тенкото црево). Колоноскопот се внесува преку анусот, во ректумот, натаму кон дебелото црево се до цекумот дел од дебелото црево каде се среќава со тенкото.

Најнови вести

Коронавирус