среда, 28. јули 2021. Вести денес: 158
home Вести

Значително потопло време со сончеви периоди

Утринската температура ќе се движи од нула до пет степени, а дневната од три до 16 степени. 
Значително потопло време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно и значително потопло со сончеви периоди. Во утринските часови и во ноќта кон недела, претежно на запад и краен исток ќе има врнежи од дожд.

На планините над 1.800 метри надморска височина ќе има повремен снег. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи од нула до пет степени, а дневната од три до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и значително потопло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен западен ветер. Утринската темпeратура до еден степен, а дневната ќе достигне до 11 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка. Потоа во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Коронавирус