четврток, 4. март 2021. Вести денес: 136
home Вести

Знаат ли Заев и Филипче кога Македонија ќе ги добие ветените вакцините од Србија, кога ниту таму уште ги нема

Знаат ли Заев и Филипче кога Македонија ќе ги добие ветените вакцините од Србија, кога ниту таму уште ги нема

Се повеќе е актуелната темата за вакцините против КОВИД-19. Но иако земјата е рекордер по број на заразени и починати од вирусот очигледно дека власта не ја интересира како побрзо да им се помогне на граѓаните преку обезбедување и примање на вакцини.

Секаде во светот па и во Европа се набавуваат вакцини, само кај нас во Македонија власта нема слух за ова.

Пред само неколку денови премиерот Зоран Заев најави дека Србија ќе ни испрати помош од 8.000 вакцини од Фајзер.

-Сакам да ја споделам оваа среќна вест, понудената помош од Република Србија од претседателот Александар Вучиќ ја прифативме,  разговарав со него, тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денот, она што можеа да го потврдат е 8.000 вакцини од Фајзер, а за другите треба да проверат во договорите дали смеат да донираат и од нив.При прифаќање на нашите барања, Вучиќ понуди да помогне со вакцини и тој рече дека сака и да ги донира тие, но ние сме земја и имаме пари и ќе си ги платиме, па потоа потврди дека ќе ги дадат по набавна цена, односно по цената која Србија ги набавила вакцините, рече Заев пред неколку дена.

Имено по оваа изјава на Заев се поставува прашањето дали Заев и министерот за здравство Венко Филипче знаат кога ќе стигнат ветените вакцини и кога би можело да се даде првата вакцина против КОВИД-19 ако се земе во предвид фактот дека ветените вакцини од Србија не се стигнати ниту во Србија, односно пратката од која треба да ни достават нас не е стигната ни таму.

За состојбата во здравството и обезбедување на вакцините апелираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски каде укажа дека светот оди напред, а кај нас главно е тоа што нема вакцини, освен донацијата која е премала количина за вистинските потреби.

-Во здравството, Владата на Словенија очекува до почеток на летото 70 проценти од вкупното население да биде вакцинирано против ковид вирусот. Словенија нарача 3.227.948 дози на вакцини. Светот оди напред со големи чекори! А кај нас главно е тоа што нема вакцини, освен оние кои се добиени како донација, што е премала количина за вистинските потреби, стои во статусот на Мицкоски.

Коронавирус