недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 57
home Вести

Злоупотреба без срам: Маричиќ објави фотографии од жртва на „Јавна соба“ за да си промовира законски измени

Злоупотреба без срам: Маричиќ објави фотографии од жртва на „Јавна соба“ за да си промовира законски измени

Министерот за правда Бојан Маричиќ, денеска се сретнал и разговарал со Ана, една од дeвoјките жртви на групата „Јавна Соба“.

За овој настан, Министерството за правда испрати официјално соопштение до медиумите, како и фотографии од девојката која седи на маса со Маричиќ.

Ана изминатиов период помина низ вистинска голгота. Но, на Маричиќ себепромоцијата му е приоритет.

Како грижлив министер ќе беше сосема во ред да ја повика на разговор и да ја информира за тоа каква помош ќе добие од државата. Но, Маричиќ со овој чин покажа дека му е важно да покаже пред јавноста дека нешто превземал, без разлика како тоа ќе се одрази на оваа девојка.

Како што соопштија од Министерството, Маричиќ и честитал на храброста јавно да проговори за нејзините премрежја и за нејзиниот јавен настап кој предизвика навистина силна општествена реакција.

Не е од суштинска важност општествената реакција, туку како институциите ја заштитија оваа девојка и останатите жртви. Одговорот е дека не ја заштитија! Напротив, денес објавувајќи нејзини фотографии само докажаа дека да ја заштитат оваа девојка не е нивниот приоритет.

Да биде ситуацијата уште подрска, во истото соопштение каде што информираа за средбата со девојката, Министерството за правда и Маричиќ како министер си се себепромовираа дека направиле измени во законот. Замислете, тие велат дека на девојката и ги презентирале законските измени!!! На оваа девојка не и е потребно да слуша како Маричиќ се фали, туку важно е да ја заштитат без да прават популизам за себе.

-Дополнително и беа презентирани и законските измени кои Министерството за правда веќе ги подготви, а со кој се воведува и ново дело кое ќе биде дополнителна заштита, меѓу другите и за вакви случаи. Имено, во нив меѓу другото се додава член, во кој се вметнува терминот „Демнење“ и се објаснува дека тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, стои во соопштението на Министерството за правда.

 

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија