петок, 18. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Злато за медот на Нојкови од неготинско Дисан на меѓународен саем во Босна и Херцеговина

Злато за медот на Нојкови од неготинско Дисан на меѓународен саем во Босна и Херцеговина

Златен медал освоил медот на семејството Нојкови од неготинското село Долни Дисан на меѓународен саем во босанскиот град Тузла.

-Дисанското злато се препознава. Само што добив мејл дека нашиот мед ги добил највисоките оценки на саемската манифестација. Станува збор за 15 Меѓународен саем за пчеларство и пчелни производи „Медена Тузла 2020“ и шесто меѓународно оценување на квалитетот на мед, на кое учествуваа 235 примероци од 17 држави во Европа и две од САД. Наградата е за ливадски мед, со што уште еднаш се потврдува високиот квалитет на медот од Дисан, појасни Марјан Нојков за МИА, кој одгледува автохтона македонска медоносна пчела ,,Apis mellifera macedonica”.

Тој нагласи дека овие достигнувања се огромен успех за пчеларството и пчеларите во Македонија.
Доделувањето на медалите е на 19 септември. (МИА)

Коронавирус