петок, 25. септември 2020. Вести денес: 57
home Вести

Златев: ВМРО-ДПМНЕ е помеѓу граѓаните и заедно со нив ја води битката за намалување на цената на струјата

Златев: ВМРО-ДПМНЕ е помеѓу граѓаните и заедно со нив ја води битката за намалување на цената на струјата

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” на Канал 5 телевизија, гостуваше новинарот Љупчо Златев кој се осврна на моменталната политичка ситуација, очекувањата од претстојниот период, како и на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ во минатото протестираше за се и сешто, за работи кои во моментот ниту биле за протест, ниту некому нешто пречело, туку едноставно се чекало момент да се направи настан со кој ќе се привлече внимание. А сега кога ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот во борбата против покачувањето на цената на струјата, протестите се нелегитимни и им пречат на партиите на власт, вели Златев.

-Поради правењето на терор од страна на властите, преку поскапувањето на струјата, се осиромашува народот кој и онака едвај врзува крај со крај. Протестите за намалување на цената на струјата не смее да се гледа како национализам, туку како борба за правата на граѓаните и намалување на енормната цена на струјата, додаде Златев.

-Шарената револуција протестираше со денови и уништувајќи голем дел од јавни институции, јавни објекти, пропагираше некакви вредности кои после изминатите неколку години се испоставија како инструменти за устоличување на власт, а потоа пуштање низ вода на сите учесници. ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот и ќе остане со него на улица се додека властите не ги чујат барањата на граѓаните, заврши Златев.

Коронавирус