сабота, 28. март 2020. Вести денес: 96
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Златев: СДСМ прави се за да ги скрие владините скандали од јавноста

Златев: СДСМ прави се за да ги скрие владините скандали од јавноста

Ова нема некој голем јавен интерес, тука нема никакви државни пари вмешано. Тука има една изјава провизорна на една политичка партија, од ена личност за која што јас денес дознав дека постои, образложи новинарот Љупчо Златев коментирајќи ја хајката на СДСМ со медиумите кои ги објавуваат скандалите на власта, во емисијата на ТВ Алфа.

Златев додаде дека реакцијата на СДСМ е провизорна, и самото тоа што сега се говори за хајката на власта со одредени медиуми, а не за нешто многу побитно ја постигнале целта. Два дена по ред на национална ТВ Алфа која вреди нешто во државата, која прави критичка мисла е впуштена во тоа да се објаснува себеси со СДСМ.

А, толку многу работи се случуваат, еве и судења имаме контроверзни тендери во сите институции, државата не функционира, едноставно имаме хаос. И сметам дека оваа битка што ние сега ја водиме е всушност тоа што СДСМ го сака, појасни Златев.