сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 33
home Вести

Златев пријави случај за загрозување на неговата и безбедноста на неговото семејство

Златев пријави случај за загрозување на неговата и безбедноста на неговото семејство

Денеска во полициската станица “Беко” по членот 144 од кз. пријавив случај за загрозување на мојата безбедност и безбедноста на моето семејство, информира новинарот Љупчо Златев.

-Имено, по вчерашната прес конференција на премиерот Зоран Заев, на која поставив неколку прашања кои на вождот му се видоа тешки за одговарање, добив класична закана по безбедноста на моето семејство.

Фејсбук страницата, насловена “Криминалите на ВМРО ДПМНЕ” (која според моите сознанија е водена од центарот за комуникации на владејачката СДСМ) објави лажни информации дека сум основал и водел некаква НВО организација која се викала “Проек-ЕУ” и истата злопотебила пари од ЕУ за што сум имал кривична пријава. Да биде гадоста уште поголема, на оваа фејсбук страница, контролирана од власта, ја откриваат и домашната адреса, на која живее моето семејство во Кавадарци.

Од напишаното од оваа страница на СДСМ, точна е само адресата. Вистината е дека освен моето семејство на “Младост 34” Кавадарци, нема ништо друго и никогаш таму не била регистрирана никаква НВО организација.

Во исто време, никогаш сум немал никаква врска со споменатата невладина “Проект ЕУ”, ниту пак, некогаш сум ја основал или пак сум бил дел од нејзините раководни структури. Да биде иронијата поголема, за злоупотребите од оваа невладина сум правел прилози лично јас како новинар на ТВ Сител.

По ова објавување на мојата адреса и повикувањето на насилство кон моето семејство, од профили кои се лажни и немаат име, заведени се како “Facebook User”, пристигнаа закани кон монот живот со содржина “Гомно српско, ги живееш последните моменти од твојот живот”.

По поднесената пријава до МВР, барам од министерството да ми открие кој стои позади страницата “Криминалите на ВМРО ДПМНЕ” која има преку 51.000 лајкови и која објавувајќи моја адреса и клеветејќи, ја загрозува безбедноста на моето семејство.

По пријавата, штотуку добив повик од “насилен криминал” од инспектор од станицата во Пролече, па за еден час и таму ќе подготвиме нов записник за случајот.

Се надевам дека министерот Оливер Спасовски ќе има храброст да открие кој стои позади оваа стеаница и ќе поведе постапка против луѓето од неговата партија!

Откако ќе открие, јас против правното или физичкото лице кое стои позади страницата ќе поднесам и приватна тужба за клевета и навреда на честа и угледот.

Љупчо Златев, главен и одговорен уредник на “Економски Лидер”., пишува тој на Фејсбук.

Коронавирус