вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 170
home Вести

Златев: Најголемата глупост или промашување на оваа власт за 2020 година е справувањето со КОВИД пандемијата и прогласувањето на Филипче дека истата сме ја победиле

Златев: Најголемата глупост или промашување на оваа власт за 2020 година е справувањето со КОВИД пандемијата и прогласувањето на Филипче дека истата сме ја победиле

Вечерва во гостување на „Заспиј ако можеш“ во Алфа телевизија новинарот и уредник на Лидер, Љупчо Златев истакна дека најголемото промашување на оваа власт е справувањето со коронавирусот и пандемијата која министерот Филипче прогласи дека сме ја победиле.

-Како новинари почнавме да ги посетуваме пресовите на Венко Филипче, па потоа онлајн пресовите кои ги правеа веројатно да не цензурираат дел од новинарите, од се е под контрола, набрзо излезе дека ништо не е под контрола, па не затвораа со карантиски систем, кој важеше за Велигден, но не важеше за Бајрам, ја прогласивме короната „за умрено“, од реисот, но и од Венко Филипче, па короната исчезна кога требаше да имаме избори, на ДИК сајтот цела недела не работеше, падна системот,ДУИ победуваше во Пехчево и Радовиш, па на граѓаните предизбори им се делеа картички како поткуп, Владата успеа да уништи стотици сектори и бизниси, а останатите не направија да бидеме зависни од државната помош, за сега да сведочиме во 2021 година да пропаѓаат компании и невработеноста ќе се зголемува, наброи Љупчо Златев.

Златев вели дека ние веројатно последни на планетава ќе добиеме вакцини, и праша каде е одличното справување со коронавирусот, вакцина нема, и далеку е ова од одлично справување со пандемијата, кое вели е најголемо промашување на оваа власт за оваа година.

Најнови вести

Коронавирус