четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Златев: Милијарда евра СДСМ ги задолжи граѓаните за да ги искористи за предизборен поткуп

Златев: Милијарда евра СДСМ ги задолжи граѓаните за да ги искористи за предизборен поткуп

-800 милиони, потоа 200 милиони, односно 1 милијарда сме задолжени годинава. А, ние од таа милијарда немаме видено ниту една капитална инвестиција. Една чешма немаме видено да се изгради, нагласи новинарот Љупчо Златев гостувајќи во емисијата „Само Вистина“.

Златев додаде дека истите тие задолжени пари СДСМ ги потроши за предизборен поткуп.

-Колку луѓе добија картици за да одат на одмор. И тоа баш пред избори. Колку луѓе добија социјални пакети за да купуваат македонски производи. Зошто сега не добијат, после изборите? Што сега подобра е ситуацијата во економијата? Или пред избори дадоа на сите картици за да пазаруваат, нормално за да гласаат за СДСМ и сега наеднаш нема никаква потреба од сето тоа. Сега дури Филипче вика ни маски не мора да носите. А, пред тоа требаше и економски мерки, требаше и вакви мерки, онакви мерки и сега наеднаш сето тоа завршува, појасни Златев.

Златев посочи дека сите тие задолжени пари кои СДСМ ги задолжи граѓаните беа за класичен поткуп на гласачи, а не за помош на граѓаните за КОВИД пандемијата.

Коронавирус