сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 53
home Вести

Златев до Заев: Од денес давам безусловна поддршка на сите политички и неполитички субјекти кои ќе се обидат да го срушат ова зло од човек

Златев до Заев: Од денес давам безусловна поддршка на сите политички и неполитички субјекти кои ќе се обидат да го срушат ова зло од човек

Новинарот Љупчо Златев преку статус на Фејбсук пишува дека од денес дава безусловна поддршка на сите политички и неполитички субјекти кои ќе се обидат да го срушат ова зло од човек, алудирајќи на Зоран Заев.

-Види вака Зоране. Види вака властодржецу.
Кога ги слушав твоите зборови, се присетив на чувството кога пред петнаесетина години во мини библиотеката на дедо ми, најдов една монографија во која се опишува како е убиен неговиот татко. Морници ме лазеа тогаш, ми протекоа солзи… Морници ме лазат и сега кога ги слушам твоите зборови.

Прадедоми Милан Андов, еден од првите партизани во тиквешијата, бил свирепо убиен од бугарските фашистички окупатори. Откако го убиле, бугарските фашисти мртвото тело му го влечеле низ селото Барово за да покажат пример дека никој не смее да се крене против фашизмот.
Ти денес велиш дека тоа не биле фашисти! Велиш дека тоа не биле окупатори туку биле ослободители на оваа земја.

За тебе тие монструми кои влечеле на моторцикл човек кој го убиле, додека неговите најблиски тоа го гледале не се фашисти! Ете така дошле, обични администратори биле, а?

Ти денес се исмеваш со трагедиите на илјадници семејства, денес го славиш убивањето на илјадници Македонски Евреи во концлогорите.

Види вака Зоране, ти го смени името на нашата земја, не ограби, не правиш луди секој ден, но и покрај се до денес за тебе не чувствував омраза кон тебе.

Сега кога ни уринираш врз страдањата и трагедиите, сега кога ги славиш нашите џелати и се потсмеваш на нашите жртви – сега немам друг избор Зоране освен да те наречам ФАШИСТ! ФАШИСТ КОЈ СЛАВИ ФАШИСТИ.

А јас, јас фашисти мразам Зоране…
Од денес, давам безусловна поддршка на сите политички и неполитички субјекти кои ќе се обидат да го срушат ова зло од човек, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Види вака Зоране. Види вака властодржецу.

Кога ги слушав твоите зборови, се присетив на чувството кога пред…

Posted by Ljupcho Zlatev on Среда, 25 ноември 2020

Коронавирус