среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 175
home Вести

Животот за сите на Заев се претвори во корона за сите

Животот за сите на Заев се претвори во корона за сите

Премиерот Зоран Заев и неговите функционери во предизборната кампања ветуваа живот за сите во Македонија. Под слоганот „Живот за сите“ ветуваа подобар животен стандард за сите граѓани во Македонија, поголеми плати, пензии, поздрава животна средина, бесплатно здравство и многу други нешта што би значеле подобар живот за сите граѓани во Македонија.

Но, по четири години од владеењето на премиерот Зоран Заев и СДСМ во Македонија имаме здравствена, економска и политичка криза. Владеењето на СДСМ и Заев се претвори во агонија за многу граѓани во Македонија. Наместо 500 eвра плата, 50 000 на улица.

„Животот за сите“ на Заев се претвори во корона за сите. Мотото „Живот за сиите“ се претвори во „Македонија прва во регионот по смртност од корона“. Секојдневно во Македонија имаме илјадници новозаразени со КОВИД-19 и двоцифрена бројка на починати. Македонија е на насловните страници на весниците во регионот како земја што наслабо се справува со корона вирусот. Здравството во колапс кревети кислороф нема, а министерот за здравство држи прес конференции.

И покрај сето ова Заев наместо да се однесува како секој друг одговорен политичар тој си поигрува со сопствената држава и пред светот и дома прави пародија. Заев од Македонија направи пародија!

Македонија во изминатите 30 години немала волку штетна влада. Штетна по националните и државни интереси. Штетна по животот на граѓаните. Владењето на Заев е без одговорност, достоинство и чест и образ. Заев создаде општество на испревртени вредности. Целата Владина собиранка на Заев нема чувства, одговорност, разум, обзир, образ, ни кон себеси ниту пак кон сопствената држава.

Градоначалниците на Заев меѓусебно се навредуваат, министерот Никола Димитров го оговара премиерот Зоран Заев.
Неколку пати „добија датум“ за почеток на преговори, па славеа во авион, Собрание. Па добија вето во неколку наврати но сепак премиерот вели не чувствувам одгооврност.

Играат ора, со плех музика отвараат тунели, играат ора со плех музика на денот на изборите во Штип во момент кога Штип има најголем број на заразени по глава на жител. Утредента прогласуваат рестриктивни мерки.

Заев најавува, закажува па откажува лидерски средби, менува ставови, заборава што кажал па јавно прашува дали истото тој ко кажал. Да не е трагично за Македонија ќе беше смешно.

Најнови вести

Локални избори 2021