вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 154
home Вести

Животот станува прескап за македонските граѓани, цените постојано растат

Животот станува прескап за македонските граѓани, цените постојано растат

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се повисоки за 1,3 отсто на месечно и за 3,2 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јануари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 3,7 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,3 и Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5 отсто.

Во споредба, пак, со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 13,5 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,6 и Интермедијарни производи, освен енергија за 3,0 отсто. (МИА)

Локални избори 2021