среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 117
home Вести

„Животот нема цена, ниту пак има реприза“: Младите од ВМРО-ДПМНЕ пуштија 111 црни балони за 111-те згаснати животи во сообраќајки

„Животот нема цена, ниту пак има реприза“: Младите од ВМРО-ДПМНЕ пуштија 111 црни балони за 111-те згаснати животи во сообраќајки

Во Република Македонија, во 2018-тата година, 111 животи згаснале на македонски патишта во сообраќајни незгоди. По повод одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, со овие 111 балони, сакаме симболично да укажеме на суровата реалност, која, секојдневно демне на македонските сообраќајници, и предизвикува трагедии кај стотици семејства во земјава, истакна Филип Ѓорѓиев.

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека животот нема цена, ниту пак има реприза.

-Да бидеме одговорни пред себеси, и да влијаеме врз заштитата на нашиот и животот на другите. Само така, сите заедно ќе влијаеме врз подигнувањето на свеста, кај секој поединец-учесник во сообраќајот, за зајакнување на неговото чувство на одговорност, будност и внимателност во сообраќајниот режим. Едновремено, од ова место, на овој ден, апелираме до сите надлежни институции, да ја подигнат безбедноста на сообраќајот на македонските патишта на врвот на агендата на дејствување, и со тоа директно да влијаат врз заштитата на личната безбедност на секој поединец во него. Да кажеме стоп, на опасностите кои внесуваат немир и страв, да чекориме по улиците, да стравуваме дали децата безбедно ќе стигнат до своите училишта, дали безбедно ќе ја преминат улицата, и да не стравуваме од секој нов ден и од опасностите кои може да ни ги донесе. Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, апелираме, до целата млада популација во земјава, да го почитува сопствениот живот и животот на другите, да внимава кога притиска на педалата за гас, да не конзумира алкохол кога управува со автомобил, да користи безбедносен појас и да ја почитува патната сигнализација. Бидејќи, нема исклучоци, опасноста е една и единствена и е достижна до сите. Не бира возраст, храброст, лудост или време и место. Нека денешниов ден, биде поттик за сите нас, да станеме креатори на позитивен, безбеден и сигурен сообраќаен амбиент, во кој управувањето со возило, движењето на пешачки и возењето велосипед, ќе бидат вистинско задоволство за пристигнување до посакуваната дестинација, на наша и радост на сите учесници во сообраќајниот свет, истакна Ѓорѓиев.

Најнови вести

Локални избори 2021