сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Животот на жртвите од семејно насилство се претвора во пекол за време на полицискиот час

Животот на жртвите од семејно насилство се претвора во пекол за време на полицискиот час

Некому мерка за заштита, на други смртна закана. Животот на жртвите од  семејно насилство  се претвора во пекол за време на полицискиот час. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, предупредувањата на невладините сектори дека вонредната состојба ќе стимулира семејно насилство се покажаа како точни, анализира АЛФА.

“Во делот на поплаките поднесени од лица против членови на нивното семејство, се бележи зголемување од 32%, односно поднесени 310 поплаки. Најголем број се регистрирани во Битола, Штип и Велес. На подрачјето СВР Скопје има зголемување за 84,6%”  – велат од МВР.

Во време кога се алармира да се остане дома за да се спречи ширењето на корона вирусот, насилниците ја имаат целосната контрола врз жртвите.

 „Она што досега го имаме забележано барем во нашата организација, но и во другите организации со коишто соработуваме е дека најмногу се случуваше наплив на пријави на насилство после поголеми празници. Значи кога луѓето беа во почест контакт, беа на едно исто место подолго време – вели за Алфа Бети Пејева од Едукативно – хуманитарна организација ЕХО.

Од ЕХО велат дека во вакви итни случаи, комуникацијата не е ограничена, но најчесто ги контактираат жртви со кои претходно имале соработка. Ситуацијата со корона вирусот уште повеќе ги заплаши жртвите да побараат помош од организациите и најблиските, бидејќи стравуваат да не се заразат.

Коронавирус