сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Животната голгота на вработените од Еурокомпозит продолжува, отпуштени 10 вработени

Животната голгота на вработените од Еурокомпозит продолжува, отпуштени 10 вработени

Вработените од прилепскиот Еурокомпозит најавуваат генерален штрајк и блокада на фабриката откако десет членови на сидникалниот одбор вчера добиле отказни решенија, без да добијат некакво објаснување од страна на генералниот директор.

Вработените на владата на СДСМ и дадоа 48 часовен рок за да го разреши менаџерскиот тим, бидејќи како што рекоа се сомневаат дека менаџерскиот тим не работи согласно законите и има направено малверзации во финансискиот дел на фабриката.

-Директорот Александар Кузески без никакво објаснување денеска ги потпишал отказните решенија за 10 членови на синдикалниот одбор на „Еуркомпозит“, потоа ја напушти фабриката без да ни соопшти за неговата одлука, а решенијата ни ги поделија вработените во правната служба, кои пак додека ги делеа отказите ги чуваше обезбедување. Ова е срамота што се случува, со оваа одлука комплетно е суспендиран синдикатот во „Еурокомпозит“. Отказите се сомневаме дека ги добивме поради тоа што поднесовме кривични пријави против директорите Александар Кузески и Тони Дукоски. Дека истите ќе бидат сменети добивме ветување и од вицепремиерот Анѓушев, но наместо тоа сега добиваме отказ. Затоа утре ќе ја блокираме фабриката и најавуваме генерален штрајк, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикален одбор.

Ова не е прв протест кој го најавуваат вработените. Тие претходно повеќе дена протестира бидејќи си и бараа заостанатите плати и придонесите.

Коронавирус