петок, 6. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Животна борба: Семејство со две мали деца секој момент може да заврши на улица, да помогнеме!

Животна борба: Семејство со две мали деца секој момент може да заврши на улица, да помогнеме!

Ова е Хасије Емини, мајка на две деца. Освен секојдневните маки кои ги има како секој родител, таа има еден голем проблем. Тажната сторија за ова семејство ја објавува Телевизија 21.

Како на своите деца да им обезбеди покрив над главата за да не завршат на улица во овие студени зимски денови. На календар таа ги брои деновите кога ќе треба да ја напуштат куќата, чии врати и ги отвори еден хуман човек. Но, сега тој ја продава куќата, па поради тоа ова семејство мора да замине.

„Овде сме веќе 12 години и не ни земаше пари за кирија. Сега  куќата се продава, а јас немам каде да одам. Тој ми рече дека треба да ја напуштам куќата до 5-6 март. Јас можам да останам и на улица доколку не ми помогне некој донатор, роднина, или било кој, за да ни најдат некое решение, да се засолниме некаде во оваа студена зима. Гледате и самите, паѓа снег, а јас можам да останам на улица“, вели Емини, пренесува ТВ 21.

Хасије раскажува дека сега засега нема постојани приходи. Претходно добивала социјална помош, но им ја укинале поради донациите кои ги добила од хуманите луѓе. Сопругот работи секаква работа, раскажува Хасије, но приходите од продажбата на чорапи или чистење не им се доволни  за да платат кирија или да купат земјиште за да изградат куќа.

„Ако даде Господ, доколку се појави некој донатор, некој хуман човек, овие две деца да не останат на улица. Ги замолувам сите, каде и да се, да ни помогнат. Сопругот оди да работи, се труди, но не може да направи ништо повеќе. Има проблеми со нервниот систем, прима терапија. Се труди, носи корка леб, но немаме пари за кирија. Навистина сме во лоша финансиска состојба“, додаде Емини.

Тел. Број: 070 847 544

Жиро сметка: 270-7000306726.10 (Халк банк).

Целата сторија за Хасије и нејзиното семејство, погледнете ја на ТВ21

 

Коронавирус