понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 66
home Вести

Живот на едно тркало

Живот на едно тркало

„Моторџија загина на автопатот Скопје-Велес“, „Мотоциклист прегази пешак“, „Девојче загина на партизанска поради дивите трки“, вести кои станаа секојневие во нашите животи. За жал лоши вести кои секојдневно се повеќе и повеќе ги слушаме.

Седнувам со шест годишниот  внук кој ме замоли да му купам сладолед на една клупа која гледа на булеварот „Партизанска“ во Скопје, не помина ни една минута, помина мотор со огромна брзина, кој патем го возеше на едно тркало и без заштитна кацига. Ме погледна и ме праша „бато и јас ли вака ќе возам кога ќе пораснам“? Нормално му одговорв НЕ!!!

Но не помина многу време од таа случка, кога во друг момент после неколку минути, два спортски автомобили поминаа на црвено, се тркаа! Следеше уште едно прашање од шест годишно дете „Бато зошто ме лажеш, па сите возат брзо и сите се тркаат“? Почнав да му објаснувам дека тоа што го видел пред малку се прави ама на стази наменети за трки, се надевам ме разбра?!

Тргнавме накај дома по истиот тој булевар, возев по средната лента кога наеднаш ме „прелетаа“ два мотори, мислев дека е скриена камера. Но во тој момент имаше друг проблем, како тоа да му го објасниш на шест годишно дете, на кое до пред малку му објснував зошто не треба да возиш толку бесно!

Немам ништо против возењето мотори, ниту пак спортски автомобили, но како викаат „Кацигата спасува живот“ и „Врзи го појасот кога си зад воланот“.

Слоган кој ми остана во сеќавање е „Вози внимателно некој те чека“ и да вистина е НЕКОЈ ВЕ ЧЕКА, мајка, татко, брат или сестра… сте се обиделе ли некогаш да се ставите на нивно место? Сте се запрашале ли како ќе им биде нив кога ќе ги видат полицајците на врата кои дошле да им соопштат дека нешто му се случило на нивното чедо?! А вие што имате свои чеда, сте се запрашале како ќе растат тие?

Децата во своите родители гледаат херои, ги слушаат нивните совети за тоа како во животот, домашното воспитување првиот чекор пред да се соочат со благодетите или суровоста на животот. Животот е претстава кој нема реприза или генерална проба.

Коронавирус