сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

Живковски: Веднаш министерството за транспорт и врски да ги одземе ингеренциите на Општина Кисела Вода во областа на урбанизмот, да се стави крај на дивеењето на Темелковски

Живковски: Веднаш министерството за транспорт и врски да ги одземе ингеренциите на Општина Кисела Вода во областа на урбанизмот, да се стави крај на дивеењето на Темелковски

Се наоѓаме во населбата Расадник. Зошто во населбата Расадник?Бидејќи ова место е симбол за неработењето и празните ветувања на градоначалникот Филип Темелковски. Имено непосредно во оваа близина согласно ветувањата предизборни на Темелковски требаше да биде изградена катна гаража со цел да се реши проблемот со паркирањето на жителите на населбата Расадник, изјави денеска за медиумите Иван Живковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.

– Непосредно од оваа локација требаше да биде поставена и мерна станица со која што граѓаните ќе имаат увид во загадувањето на воздухот од околните загадувачи. Во непосредна близина требаше да поминува и ветената гасификација, од која што за жал се уште нема ништо. Меѓутоа тоа не е се од градоначалникот Темелковски.
Ова позади мене е Расадникот во Кисела Вода, единствената зелена површина која што е останата во нашата општина. Меѓутоа за жал како што може да видите целата е опколена со ѓубре и со смет, а градоначалникот наместо од нејзе да претвори еден урбан парк во кој што граѓаните ќе можат да се рекреираат истиот предвидува изградба на повеќе од 120 згради. Меѓутоа и тоа не е се од градоначалникот Темелковски. Во изминатиот период на повеќе локации во општина Кисела Вода почнаа да се градат згради за кои што нема издадено никакво одобрение за градење. Урбаниот хаос продолжува да владее и да царува во Кисела Вода, вели тој.

– Затоа итно и неодложно го повикуваме министерството за транспорт и врски да ги одземе ингеренциите на Општина Кисела Вода во областа на урбанизмот. И на тој начин да спречи натамошно дивеење и уништување на целата општина Кисела Вода. Затоа бараме од надлежниот министер веднаш да пристапи кон ова наше барање и да помогне на граѓаните на Општина Кисела Вода. Во спротивно ние како ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме со нашите активности и во наредниот период ќе ги радикализираме нашите барања се со цел да излеземе во пресрет на граѓаните на Општина Кисела Вода, дециден е Живковски.

Коронавирус