сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Живковски: Улиците во Усје се раскопани со дупки и кал, Темелковски ништо не направи за граѓаните на Кисела Вода

Живковски: Улиците во Усје се раскопани со дупки и кал, Темелковски ништо не направи за граѓаните на Кисела Вода

„Почитувани жители на Општина Кисела Вода, драги соседи
Моментално се наоѓаме на ул.4 во населба Усје, на само 4км од центарот на Скопје.
Како што можете да видите позади мене улицата е цела раскопана, со дупки и со кал, и истата претставува сериозен проблем за жителите на оваа улица во нашата општина.
За жал Градоначалникот Филип Темелковски и општината предводена токму од него во изминатите три ипол години не направија апсолутно ништо за граѓаните на Кисела Вода.
Затоа итно и неодложно го повикуваме да преземе нешто и да им помогне на овие луѓе кои секојдневно се соочуваат со проблеми.
Сакаме да го потсетиме дека локалните изборите се за помалку од 8 месеци а на тие избори граѓаните ќе го имаат последниот збор и политиката предводена Филип Темелковски и СДСМ ќе биде поразена.“

Интегрален текст од изјавата за медиуми на Иван Живковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.

Коронавирус