понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Живковски: Сите обиди за уцени и закани беа залудни, граѓаните на Кисела Вода избраа правда со убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ

Живковски: Сите обиди за уцени и закани беа залудни, граѓаните на Кисела Вода избраа правда со убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ

Сите обиди за уцени, поткуп, насилство и закани од нашиот политички противник беа залудни и беа уште поголем поттик за граѓаните на Кисела Вода да се спротистават на тие обиди, порача Иван Живковски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.

Тој им честита на сограѓаните.

-Кисела Вода победи, победивте вие. Избравте правда и избравте иднина. Поклон до земја за вашата одважност и храброст! Кисела Вода на овие избори повторно се роди како Феникс од својата пепел. ВМРО-ДПМНЕ освои 17.234 гласови и победи во Кисела Вода со разлика од 5.564 гласови. Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Македонија, порача Живковски.

Коронавирус