четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 116
home Вести

„Живи ќе изгоревме“: Пожар во близина на куќи доцна синоќа – потресни сведоштва на жители на Крива Паланка

„Живи ќе изгоревме“: Пожар во близина на куќи доцна синоќа – потресни сведоштва на жители на Крива Паланка

„Легнавме да спиеме, па поради жештините ширум ги отворив прозорците. Ме разбуди миризба на изгорено и чад. Веднаш станав, погледнав и имав што да видам. Пожар, гори околу куќите. Живи ќе изгоревме да не станев на време“.

Ова во изјава за КУРИР го истакнува жена од Крива Паланка која изминатава ноќ преживеала вистинска голгота. И не само таа, туку целото нејзино семејство во кое има мало дете, како и сите соседи.

Густ чад и пламен виделе како доаѓа од кај старата кланица. Тој објект одамна е затворен и тоа место не е фреквентно. Затоа се сомневаат дека овој пожар е намерно подметнат од човечки фактор.

Цела населба под кланицата била во опасност. Од првата куќа, пожарот се доближил на близина од околу 10 метри. Ги спасила брзата реакција на нашата соговорничка и професионалноста на пожарникарите.

-Веднаш пријавив во пожарна и тие излегоа на терен. Цел час го гаснеа пожарот, но брзо дојдоа на лице место. Цела ноќ, сите излезени надвор чекавме во страв, вели нашиот извор.

Жител на Крива Паланка со кој КУРИР стапи во контакт, открива дека се случило “среќа во несреќа“. Се исплашиле од вчерашниот пожар, кој за среќа е брзо локализиран, но доколку огнот доаѓал од друга страна, ќе било многу страшно.

-Среќа што огнот дојде од оваа страна, па се реагираше. Да беше од другата страна, таму има пилана за палети, опасно ќе беше многу, вели тој.

Коронавирус