сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 45
home Вести

Жителите на Мала Речица бараат седиштето на ДУИ да се отстрани од нивната населба

Жителите на Мала Речица бараат седиштето на ДУИ да се отстрани од нивната населба

Вчерашниот инцидент што се случи во Мала Речица, по вооружената престрелка каде што еден жител на Куманово беше убиен, а двајца повредени од кои еден сериозно, без сомнение ги загрижи сите граѓани, пишува Фол.

Според неофицијални информации, се вели дека овој инцидент почнал со вербална расправија меѓу политичките ривали во седиштето на ДУИ кое се наоѓа многу блиску до местото каде што се случи крвавиот инцидент.

Анонимен сведок кој го видел целиот настан, вели дека пресметката која се случила на улица 167 во Мала Речица личела на сцена од филмовите, која се случила меѓу две групи, не бирајќи место и загрозувајќи многу невини луѓе од Мала Речица, а меѓу нив и многу деца.

Жителите на Мала Речица овој настан длабоко ги огорчи, изразуваат  жалење за жртвата, но и револт дека во овој инцидент можел да настрада секој невин жител на селото.

Тие велат дека овој случај не е прв, имало уште еден случај пред неколку години, кога било нападнато и седиштето на ДУИ, каде што имало многу жртви, а бил користен тежок арсенал на оружје, што ги изложило на ризик куќите и жителите кои живеат околу седиштето на ДУИ.

Овие случки, како што велат жителите на Мала Речица ја расипаа сликата за селото, ги загрозуваат животите на нејзините жители најчесто поради инциденти кои настанале во седиштето на ДУИ и ова населено место го трансформира во место небезбедно за живеење.

Жителите на Мала Речица, огорчени сметаат дека партиските седишта, не треба да биде во близина на приградските населби, и дека истите треба да бидат во градот или во центарот, каде што има поголемо присуство на полиција и во населби кои не се населени со жители како што е случајот со Малата Речица.

Коронавирус