петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 181
home Вести

Жителите на Луково го блокираа патот Струга-Дебар: Во сообраќајка настрадало едно лице, бараат соодветна патна сигнализација (ФОТО)

Жителите на Луково го блокираа патот Струга-Дебар: Во сообраќајка настрадало едно лице, бараат соодветна патна сигнализација (ФОТО)

Жителте на струшко Луково денеска попладнево еден час го блокираа патниот правец Струга-Дебар, а причината за тоа е тешка сообраќајна несреќа која што се случила во саботата во која едно лице од истото село се бори за живот.

На 14.08.2021 година во саботата се случи сообраќајна несреќа во село Луково струшко, при што тешко беше повреден и се бори за живот жител на селото, пред 4-5 години исто така беше прегазен човек кој што почина на лице место, заради овие две несреќни случки денескаго блокираме регионалниот пат Струга-Дебар во врметраење од еден час, целта на протестот е да испратиме порака до надлежните за да се постави соодветна патна сигнализација, пешачки премин, како и успорувачи на брзината, велат од учесниците на протестот.

Протестот започна од 17:30 и блокадата на овој регионален праец траеше до 18:30 часот.

Локални избори 2021