среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Жителите на Кисела Вода кои живеат во близина на Центарот за зависници утре повторно на протест- решение мора да има

Жителите на Кисела Вода кои живеат во близина на Центарот за зависници утре повторно на протест- решение мора да има

По повод протестите на месното население кои живеат во непосредна близина на Центарот за зависници во Кисела Вода, а кои деновиве повторно стануваат актуелни, Ве известуваме дека утре на 19.06.2019 година во 7:00 часот ќе се организира уште еден обид јавноста да добие вистинска слика за сериозноста на проблемот со кој тие секојдневно се соочуваат.

На овој настан покрај медиумите ќе бидат поканети и сите невладини организации и други институции кои секојдневно го насочуваат својот интерес кон овие теми.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со членовите на Советот на општината ќе присуствуваат на овој веќе три децении акутен проблем. Градоначалникот Темелковски е свесен дека овој проблем сето ова време ја загрозува безбедноста и квалитетот на нивниот секојдневен урбан живот и е подготвен да даде максимално учество за конечно изнаоѓање на трајно решение кое и самите корисници на Центарот ќе им овозможат квалитетен прием и потребна нега.