недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Жителите на Карбинци ја прашуваат власта: Ќе има ли процент за земјоделците од ташната на Боки 13? (ФОТО)

Жителите на Карбинци ја прашуваат власта: Ќе има ли процент за земјоделците од ташната на Боки 13? (ФОТО)

Жителите на населеното место Карбинци овие денови упатија прашање до власта предводена од СДСМ во врска со најголемиот скандал во историјата на нашата земја поврзан со случајот Рекет.

Имено тие прашуваат јавно преку транспарент во нивното населено место дали „Ќе има процент за земјоделците од ташната на Боки 13“?

Инаку Боки 13 втор месец е во притвор и се товари за изнудување на милионски рекет врз бизнисменот Орце Камчев, но не се знае кој се рекетирале Боки, Зоки Кичеец и Катица Јанева, но и со чија помош и поддршка го правеле тоа.