среда, 25. април 2018. Вести денес: 16
home Вести

Жителите на Ѓорче повторно на протест, бараат лежечки полицајци на „Борис Сарафов“

Жителите на Ѓорче повторно на протест, бараат лежечки полицајци на „Борис Сарафов“

Жителите на Ѓорче Петров и денеска протестираат пред основното училиште „Мирче Ацев“ каде што вчера беше прегазено десетгодишно дете.Детето беше прегазено од 46 годишен возач на автомобил „Опел Астра“.

Граѓаните бараат да се постават семафори поради брзото возење на улицата „Борис Сарафов“.

Тие велат дека ниту претходната, ниту оваа локална власт не го решава проблемот на „Борис Сарафов“. Жителите бараат од општината да постави лежечки полицајци.

Детето кое вчера попладне беше прегазено е во стабилна состојба, соопштија од Клиниката за неврохирургија, пренесуваат медиумите.

Детето има скршеница на главата, крварење во мозокот и повреда на рамото. Поради ова, е задржано на опсервација.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19 часот, кога возило „Опел астра“ со скопски регистарски таблички удрило во детето.

По несреќата, револтирани жители на населбата ја блокираа улицата во знак на протест, барајќи светлосна сигнализација.

Ова не е прв случај на ова место да има настрадано дете, како што велат тие, ова е втора несреќа во период од две недели, а 4-та несреќа во рок од 5 месеци.